| четврток, 6 декември 2018 |

Средното музичко училиште одбележува 100 години од раѓањето на својот патрон Илија Николовски-Луј

На иницијатива на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), заедно со Државниот музичко-балетски  училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ и семејството на патронот, денеска се одбележува голем јубилеј – 100 години од раѓањето на Илија Николовски-Луј.

Овој значаен јубилеј се чествуваше во Фоајето на Македонската опера и балет, со почеток во 12 часот, со прикажување на документарниот филм „Илија Николовски – Луј“, Сеќавања 1913 – 1973 – 2013“ и концертна програма со настап на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Автор на документарниот филм е нашиот истакнат музиколог и музички новинар, Бранка Костиќ Марковиќ (и самата поранешен ученик во ова училиште), која се впушти да трага по одговорот на нејзиното единствено прашање: Кој беше всушност Илија Николовски – Луј?

Немајќи ја можноста да го запознае лично и немањето доволен квантум на публикувани податоци за него, таа се решава да стигне до одговорот преку сеќавањата на некогашни ученици и наставници на училиштето. За само еден месец успева да се сретне со десетина истакнати македонски уметници со кои со задоволство си приспомнуваат за нивниот авторитетен и почитуван директор (кој на таа функција бил цели 26 години), за грижливиот „втор татко“, за строгиот, но хуман човек, за визионерот со неверојатно чувство за препознавање на талентот кај учениците и потенцијалот за педагошка работа кај наставниците. На тој начин, авторката преку туѓите искуства прави обид за виртуелно портретирање на ликот и делото на Илија Николовски ­ Луј, личноста чии заслуги за развојот на македонското музичкото образование и култура се немерливи.

Илија Николовски Луј е роден на 07.10.1913 година во Прилеп. Првите сознанија за музиката ги добил од музичките раководители на Културно уметничките друштва, за да подоцна се школува во Белград и Софија. Во 1944 година пристапува на Народно ослободителната војска на Република Македонија и раквооди со хорот на Втората и Петтата Пролетерска Бригада. Исто така формира и Дувачки оркестар кој одиграл значајна улога за ширење на музичката култура меѓу припадниците на НОВ и граѓанството. По ослободувањето, поточно 1948 година, Илија Николовски­Луј е поставен за директор на Средното музичко училиште во Скопје, на која должност останува до 1973 година, до неговата смрт. Во текот на неговото 25­годишно раководење, успеа да води успешна кадровска политика за единствената музичка педагошка инситтуција, каде што се образуваа првите кадри потребни за Македонската Филхармонија и Операта и се создаваше погодна почва за отворање на Високата музичка Школа. Илија Николовски­ Луј активно учествуваше и во изработка на учебници по музичко образование, но значајно е дека се занимаваше и со компонирање за што сведочат неговите дела ­ Збирка за 12 песни за детски хор, Маршот на Македонија, како и поголем број оркестарски аранжмани за Дувачки оркестри. За својата работа и за успесите постигнати на музичкото поле, одликуван е со Орден на Трудот од трет степен, Орден за Храброст, Орден за Братството и Единството со Сребрен Венец, а добитник е и на Ноемвриската Награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top