Били Боб Торнтон изјави дека бракот со Анџелина Џоли му пропаднал бидејќи тој не бил доволно добар за неа.
– Додека за еден филм снимав експлицитни секс-сцени со Хали Бери, Анџелина ме праша дали ја допирав. Одговорив дека морав. Одвоеноста и симулирање секс со други поради улоги ни го уништија бракот – вели Боб Торнтон.
Во книгата „Записите на Били Боб: пештера полна со духови“ актерот открива дека во некои моменти покрај Анџелина се чувствувал како Квазимодо.
– Секогаш беше предобра за мене, а кога се чувствувате така, во еден момент сè ќе расипете. Додека бев со неа, се чувствував како Квазимодо и го упропастив нашиот брак. Тешка околност беше и тоа што во тој момент и двајцата бевме славни. Кога се венчавме, јас бев попознат од неа, потоа во еден момент стана голема ѕвезда и пријателите ми велеа дека не ја заслужувам. Денеска сме добри пријатели и секогаш ќе бидеме. Нејзината врска со Бред Пит ја поддржувам сто проценти – напиша Били.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.