Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски утре (23.10) во 12.05 часот ќе одржи протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје (познат и како Музеј на ВМРО).
Тие ги повикуваат новинарите, медиумските работници и сите граѓани заедно да ја одбележат борбата за слобода и во нејзино име да изразат несогласување со затворската казна во траење од четири и пол години за колегата Кежаровски.
– Придружете ни се со молк и облечени во црно на симболичен начин да покажеме револт поради заробената медиумска слобода – повикуваат од одборот.
Новинарот Кежаровски вчера во Основниот суд Скопје 1 е осуден на казна затвор од четири и пол години за случајот „Ликвидација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.