Ким Кардашиан на нејзиниот 33. роденден во понеделникот доби вистинско изненадување. Нејзиниот дечко и татко на малата Норт Вест реши да ја побара за жена додека биле заедно со нејзината фамилија во Сан Франциско.
Според пишувањата на медиумите Кание изнајмил цел стадион во АТ и Т паркот за таа церемонија, а Ким секако кажала „Да“.
-Кога завршивме заедно, таа веќе беше во моќна ситуација, можеше да ме сака, без да ме праша да и дадам пари. Мене ми беше многу тешко да најдам таква личност во животот- рече Кание.
Ким и Кание долго време беа добри пријатели, а потоа почнаа да излегуваат на интимни вечери. Кание за неа ја напиша песната „Cold“, за која во почетокот се тврдеше дека се темели исклучиво само на платонски однос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.