| четврток, 6 декември 2018 |

Каратистите од Кавадарци се вратија со 15 медали од Србија

Младите каратисти од карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци на меѓународниот нетпревар „Белградски победник” кој се одржуваше викендов во Белград, освоија 7 златни, 7 сребрени и 1 бронзен медал

Како што информираше денеска тренерот на клубот Ивана Аврамова, на натпреварот учествувале 750 натпреварувачи од 84 клубови од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Русија.

– Нашиот клуб учествуваше со 10 натпреварувачи. Во генералниот пласман за кати се пласиравме на второто место, а во севкупниот пласман борби и кати на 4 место од 84 клубови, соопшти Аврамова.

Единаесет годишната Владанка Аврамова со освоени 3 златни медали во кати е прогласена за најуспешна натпреварувачка во кати и наградена со професионално ЊКФ ката кимоно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top