| четврток, 6 декември 2018 |

Голот на годината во Премиерлигата дело на стружанецот Пајтим Касами (видео)

Фудбалерот на Фулам, Пајтим Касами кој е роден во Струга, но настапува за репрезентацијата на Швајцарија, постигна феноменален гол од волеј против Кристал Палас, еден од најубавите годинава во Премиерлигата. Откосо Касами ја прими топката на гради и упати вистински проектил од работ на шеснаесетникот во спротивниот агол на голманот Сперони. Прецизно, неодбранливо, суператрактивно за телевизиски шпици, а погодокот беше најава за пресврт и победа на Фулам. До тој момент Кристал Палас во градското дерби на Лондон водеше со 1-0, но на крајот фудбалерите на Фулам се радуваа на убедлива победа од 4-1.

Касами има 21 година, и иако е роден во Македонија ги мина сите младински селекции на Швајцарија, а со репрезентацијата до 17 години стана и светски првак во 2009 година. Во А селекцијата на швајцарците дебитираше пред 7 дена на дуелот со Словенија (1-0) во самиот финиш од квалификациите за СП во Бразил. Швајцарија го освои првото место во Е групата и ќе игра на Мундијалот следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top