| четврток, 6 декември 2018 |

ИН МЕМОРИАМ: Перо Апостолов – Перо Комита

pero komita

Вардаровото семејство денеска загуби еден свој драг член, огроменвљубеник во црвено-црните бои, еден од најголемите навивачи на најтрофејниот македонски клуб кој го познава Скопје. На 62-годишна возраст денеска почина еден од основачите на навивачката група „Комити“, Перо Апостолов, последните години член на „Стара гарда – Комити“, познатиот и секогаш драг на Западната и Јужната трибина: Перо Старо, Перо Комита или чичко Перо…

 

Вардар сосема неочекувано остана без физичката присутност во иднина на чичко Перо, но, дефинитивно, сите негови генерации, почнувајќи од најмладите во клубот па сѐ до сите навивачи на нашиот клуб, се свесни дека секогаш ќе биде присутен во сите оние срца кои чукаат во Вардаровиот ритам. Апостолов, почнувајќи од 1968 годин,а е постојано со натпреварите на ФК Вардар, како што самиот истакнуваше последниве месеци дека на прсти може да се избројат натпреварите на кои не присуствувал за сите овие 45 години.

 

ФК Вардар изразува најискрено сочувство до семејството на Перо Апостолов верувајќи дека неговиот пример за искрена љубов кон црвено-црните бои ќе ја следат голем број млади генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top