
Професорката Мимоза Ристова поднесе неотповиклива оставка на нејзиното членување во Советот за образование и наука на СДСМ, а за тоа информираше утрово на својот „Фејсбук“ профил.
-Сметам дека ваквата опозиција, под сегашното раководство, како да е скроена по мерка на власта. Јас одбивам да бидам дел од неа, се додека не се врати на вистинскиот пат, напиша Ристова.
Таа е позната по своите колумни на порталот Плусинфо во кои жестоко ја критикува политиката на актуелната власт.
Ваквата одлука Ристова ја донесе по вчерашното интервју на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, каде тој посочи дека и натаму е за разговор со власта и дека не се согласува со изјавите на некои членови и симпатизери на неговата партија за компромис за името со додавката „горна“ или „северна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


