| четврток, 6 декември 2018 |

Русите се најобразован народ во светот

МГУ имени Ломоносова на Ленинских горах

Универзитет Ломоносов, Москва

Секој втор жител на Русија, на старост од 25 до 64 години, има факултетска диплома и се сместува во високообразовно население на земјата. Поради тоа, но и неколку други важни параметри, Русија зазема прво место на листата на најобразовани земји на светот.

Овие податоци се дел од најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) под името „Едукејшн ат а Гланц 2013„, кој опфати 34 земји членки на организации како и осум кои тоа не се.

Високото образование е важно како за успехот на поединците, така и за целокупната земја, посебно кога станува збор за држави кои имаат лоши економски услови, тврди аналитичарот на ОЕЦД Гара Рохас Гонсалес.

-По големиот удар на економската криза, што не е изненадување, невработеноста пораснала на сите нивоа на образование, но тоа помалку се почувствувало кога се во прашање високообразованите луѓе. Се покажало дека на тоа ниво, луѓето се помалку изложени на невработеност и имаат поголеми шанси активно да учествуваат во економскиот систем, како за своето, така и за доброто на општеството- објаснува Рохас.

Листата на најобразовани земји на светот, ја состави 24/7 Вол ст. Земајќи во предвид и податоци неодамна објавени од студијата на ОЕЦД „Сурвеј оф Адулт Скилс„ , која се однесуваше на нивото на познавање на математички операции и читателски способности на возрасното жителство.

Според податоците на ОЕЦД, во Русија не е само најголем број на високообразовано население, туку и 95% од возрасното население има завршено средно образование. Просекот на истражувањата на ОЕЦД е 75 %. во извештајот исто така се наведува дека Русија моментално е во период кој тече во знак на историски важно вложување во образованието.

Меѓутоа, 27/7 Вол ст. наведува дека Русија во последно време се почесто ја потресуваат афери поврзани со образовниот систем. Проблемот претставува корупција во школството и на факултетите, системско лажење на тестовите, како и се поголемо производство на лажни тези и докторски работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top