| четврток, 6 декември 2018 |

Клиниките се поврзаа за доброто на пациентите

dinev

Телемедицината, големиот проект кој го најави министерот за здравство, Никола Тодоров, ги покажува првите резултати.

Разврската ја пренесува Сител.

За неговата состојба и кои дополнителни испитувања да се направат интернист од битолската болница преку видео врска се консултираше со колега од Кардиологија.

-Што е направено со пациентот? Праша доц.д-р Маријан Бошевски, кардиолог

-На неговите прашања одговараше д-р Петар Аврамовски, интернист во клиничката болница во Битола.

Проектот телемедицина кој стартуваше денеска ги поврза лекарите од Скопје со нивните колеги од неколку болници од Македонија.

-Го најдовме досието на пациентот, тој бил наш пациент. Вграден му е стент,добри му се параметрите, нема потреба сега да доаѓа во Скопје, нека си дојде на закажаната контрола, рече д-р Беким Поцеста, од клиниката за Кардиологија во разговор со негова колешка од болницата во Струмица.

Целта на проектот е пациентите да не се препраќаат на дополнителни прегледи во Скопје и да се подобри комуникацијата меѓу лекарите.

50-тина специјалисти од Скопје во точно утврден термин еден ден во неделата ќе комуницираат со нивни колеги од Клиничките болници во Битола, Штипи Тетово и болниците од Струмица и Велес, пишува Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top