Последните 11 години од живот на мојот дедо Јованка не беше присутна на ниту еден, навистина на ниту еден семеен собир. Дедо ми никогаш не ја споменуваше, напишала во обраќањето до јавноста внуката на Тито, Саша Броз. Таа тврди дека Тито никогаш не кажал дека сака да биде погребан во Белград. Според неа, Тито требало да биде погребан во Загреб, а Јованка ја опишала со зборовите „си беше еднаш една љубов, која веќе ја нема“.
Во обраќањето до јавноста, кое го пренесоа српските медиуми, Саша уште вели:
„Драги медиуми, ако веќе со децении сте во состојба да чепкате по нечиј живот и ако се однесувате како да знаете се и ако сте во состојба да конструирате и да објавите „life story“ според политичките и „како што дува ветрот“ прилики….. Тогаш, за чудо пропуштивте да ја информирате нацијата дека мојот дедо никогаш и никому не кажал каде сака да биде погребан. Ако се прашувам јас тој би бил блиску до мене, во Загреб кој толку многу го сакаше. Тој беше граѓанин на светот, но во прв ред Хрват. Исто така ви се измолкна од раце информацијата дека последните 11 години од животот на мојот дедо (велат и многу подолго, но јас толку паметам) Јованка не беше присутна на ниту еден семеен собир. Дедо ми никогаш не ја споменуваше. Ја видов само еднаш, на погребот на дедо ми, беше таму затоа што тоа го побараа мојот татко и чичко. Како завршила приказната меѓу неа и дедо ми не ме интересира. Тоа било нивна работа. Ако сите медиумски „полипи“ се упатени, како што мислат дека се, не би дивееле по моите телефони и да ми бараат изјава. Еве ви изјава „Двајца луѓе некогаш имале нешто и тоа нешто одеднаш престанало. Крај на приказната“. Сепак, јас ќе завршам свечено, мојата Сара денеска полни 19 години. Ви благодарам на разбирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.