Една од тие холивудски убавици што стареат достоинствено, без пластични операции, а сепак со голем стил и дамски став. Актерката Хелен Мирен секогаш е средена од глава до петици, но овој пат се најде во иста креација како и Рита Ора.
Младата пејачка со потекло од Косово често е цел на критики поради својот прост и провокативен начин на облекување, како и неуспешната потрага по свој стил.
Во црвениот фустан од тантела на „Долче и Габана“, според коментарите на интернет, сепак подобро изгледа 68-годишната оскаровка. Со своите 22 години, пак, Рита Ора, не успеа да ја добие оваа мала битка на стилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




