| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка од Австралија се врати во Македонија да гради музичка кариера

vera trajkoska

Фолкерката Вера Трајкоска кариерата од Австралија ја пресели во Македонија. И додека на сите музичари ветена земја им е Австралија и едвај чекаат таму да заминат на печалба, Вера вели дека имала огромна желба да дојде и да живее малку тука и секако да продолжи со кариерата, пишува Вечер.

– Имавме голема желба да дојдеме и да поживееме во Македонија. Пејачот и композитор Оливер Глигоров ги видел моите клипови на „Јутјуб“ и стапи во контакт со мене, и така тој и неговата сопруга Милица Настовска-Глигоров ми направија песна со која учествував на годинешниот Валандовски фестивал, а потоа и на Охридски трубадури – појаснува Вера, која во Мелбурн работела во администрација, но додава дека македонската песна ѝ е огромна љубов и хоби.

Трајкоска пет години пеела во групата „Милениум“, а има издадено и два албума. Планира додека е тука да го издаде и третиот албум со македонски новокомпонирани песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top