| четврток, 6 декември 2018 |

17 повредени патници во судир на два воза во Швајцарија

Седумнаесет патници се повредени во судар на два воза во североисточна Швајцарија, во близина на границата со Германија.

Според информациите објавени во швајцарските медиуми, ниеден од патниците немал потешки повреди, но и покрај тоа, деветмина од нив се задржани во болница. Истражните органи сè уште ги утврдуваат причините за несреќата што се случила утрово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top