Денеска екипата на Металург го игра натпреварот од четвртото коло од ракометната Лига шампиони. Металурзите се сретнуваат со белорускиот тим Динамо Минск. Натпреварот е закажан за денеска во 18 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Натпреварот в недела ќе биде многу тежок, бидејќи желбата и потребата од победа создаваат дополнителен притисок. Овој натпревар е важен и за нас и за Динамо Минск и на победникот ќе му го отвори патот кон осминафиналето. Познавајќи се себеси и моите соиграчи, јас многу оптимистички гледам на овој дуел и се надевам дека со поддршка од публиката нема да имаме проблем да ги освоиме бодовите, изјави Русинот Павел Атман, кој вети дека во неделниот дуел ќе влезе со посебен мотив за победа против поранешниот клуб.
Металург и Динамо Минск имаат ист број бодови по двете одиграни кола – две победи и еден пораз. Металург во Шпанија загуби од Барселона.
Металург и Динамо Минск се сретнаа и минатата сезона во осминафиналето од ЛШ, кога Металург славеше и во двата наврати со 24-22 и 26-23. Белоруските ракометари изјавија дека се свесни дека доаѓаат на жежок терен, но ќе дадат се да го совладат македонскиот тим.
Погледнете го видеото од пристигнувањето на ракометарите на белорускиот тим на македонско тло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)