
33 годишник од тетовското село Ларце, со иницијали Ј.Р вчера пукал врз полицајците откако тие се обиделе да го приведат врз основа на судската наредба од Основен суд Скопје за доиздржување на затворска казна во траење од 6 години како осуден за убиство во 2003 та година.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски и покрај полициските наредби да застане и да го фрли оружјето, Ј.Р. продолжил да пука и избегал во блиската шума. Полицијата сѐ уште трага по него.
Во пукотниците нема повредени. Вчерашната полициска акција се одвивала околу 13 часот на регионалниот пат Групчин Мерово, по претходно добиени сознанија.
-Додека кон полицијците се приближувало возило голф 2 без регистарски таблички Ј.Р. кој бил на совозачкото место ги забележал полицајцитеи веднаш излегол од возилото и со пиштол почнал да пука кон нив на оддалеченост од околу петнаесеттина метри и да бега кон блиската шума. Од страна на полицијата веднаш му било наредено да застане и да го фрли оружјето но бегалецот продолжил да пука и да бега. Полицајците испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух но тој успеал да избега по што патролата го привела возачот на голфот М.Р.(23), брат на бегалецот. Возилото привреме е одземено за крим техничка обработка. Вчера на местото до инцидентот започнал увид што бил прекинат поради немање услови и тој ќе продолжи денеска заедно со истражен судија и јавен обвинител – вели Јосифовски.
Ј.Р. од затворот во Штип избегал на 12 октомври минатата година и тоа откако добил домашно отсуство по што не се вратил назад на доиздржување на казната од уште 6 години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


