| четврток, 6 декември 2018 |

Ин мемориам – Јованка Броз (1924-2013) [видео]

Јованка Броз (1924 година) е вдовица на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито. Со него беше во брак од 1952 година до неговата смрт во 1980 година. Таа имаше чин потполковник на ЈНА.

Беше предмет на огромен интерес на регионалните медиумски интереси. Сепак, таа се држеше во екстремна изолација. Многумина мислат дека нејзиниот повлечен живот доаѓа како последица на многуте проблеми низ кои помина по смртта на сопругот, кога целиот нејзин имот беше национализиран и беше ставена во куќен притвор.

Живееше во релативна сиромаштија и дури во 2006 година владината комисија откри дека нејзиниот стан во Белград е во ужасна состојба и не е одржуван од нејзиното апсење.

Jovanka-Broz

Јованка е второ дете во семејството ба Мичо и Милица. На 17 години влегла во Сојузот на комунистичка младина на југославија. Во 1943 година за време на Втората светска војна била ранета во нога и се разболела од тифус. Истата година загинал нејзиниот брат Максим и починал нејзиниот татко. На 21 година добила два ордена за храброст, а носител е и на партизанска споменица од 1941 година. Тито го запознала за време на германскиот десант на Дрвар во 1944 година.

Како младата партизанка стана жена на комунистичкиот водач Тито не е јасно. Се јавуваат три различни верзии. Тајната венчавка се случила на 15 април 1952 година во вилата во Илок, а кумови биле Александар Ранковиќ и генерал Иван Гошњак. Нејзиното официјално откривање како прва дама се случило година дена подоцна. Некои велат дека Јованка немала многу влијание врз Тито, а најголем дел од времето го поминувала грижејќи се за добот и за својот сопруг. Но се зборуваше и дека веднаш по склучувањето на бракот Јованка почнала со сплетки.

Односите кај брачниот пар почнале да се нарушуваат на почетокот на седумдесеттите, а нивниот однос стана тема на остри политички дебати. Јованка тврдеше дека се обидела да го заштити својот сопруг од разни агенти – десет од единаесет негови државни секретари ги сметаше за агенти. Нејзините противници го тврдеа спротивното. Според извештаите од 1988 година нашишани за Претседателството на СФРЈ, од 1974 до 1988 година највисоките југословенски форуми на 59 состаноци расправале само за Јованка. Тие години Јованка била обвинувана дека е советски шпион, дека издава државни тајни, за учество во завери…

Многумина веруваат дека таа е жртва на амбициите на разни политичари кои успејале да манипулираат со Маршалот и да го свртат против неговата сопруга. До средината на седумдесеттите Јованка станува се поодалечена од Тито, кој во тој временски период бил под целосно влијание на Стане Доланц и Митја Рибичиќ

Во април 1975 година Тито ја напушти неговата резиденција и сам се пресели во Белиот Двор. Јованка последен пат во јавност е видена на 14 јуни 1977 година на официјалниот прием на премиерот на Норвешка. Подоцна, истото лето е уапсена под сомнителни околности. Накратко се појавува во јавност за време на погребот на Тито, на почетокот на мај 1980 година. Во сите државни објави и новинарски извештаи беше напишана како титовата вдовица. Официјален развод со Тито никогаш немала.

Три месеци по смртта на Тито, на 27 јули 1980 година луѓе од тајните служби упаднаа во нејзиниот стан на Ужичка 15, го пребарале цел стан и го конфискувале нејзиниот имот. Ја присилиле да се пресели на булеварот Мир 75, каде е ставена во куќен притвор. Нејзината помлада сестра била присутна додека сето ова се случувало. Добила смртна закана доколку каже дека видела нешто.
Во декември 1985 година во отворено писмо Јованка Броз опишува што и се случувало. Оттогаш живееше повлечено.
Таа по речиси 30 години добива пасош и лична карта ,а документите на 6 јули 2009 година и ги даде министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, како и министерот за труд и социјална политика Расим Љајиќ. Таа била без лични документи од 1980 година, кога почина Тито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top