Силна детонација одекна во Подгорица по почетокот на првиот геј собир во центарот на градот. 2 000 полицајци го обезбедуваат собирот. Надлетува полициски хеликоптер. 150 противници на парадата биле разбркани со пендреци,тие возвратиле со камења.
Владата на Црна Гора изрази поддршка на собирот и го охрабри ресорното министерство да ги преземе сите мерки за обезбедување на парадата. 2 000 полицајци се ангажирани за безбедноста на учесниците. Пред почетокот на собирот со солзавец биле растерани неколку стотици кои се групирале. Дошло до судир на 150 противници на парадата со полицијата, кои биле избркани со пендреци а тие возвратиле со камења.
Парадата почна со марш на стотина припадници на ЛГБТ заедницата со транспаренти: Геј е ОК, Секој има свое право, Прогресот е толеранција… Нивни заштитен знак е бркот…
На парадата како претставници на владата учествуваат министерот за човекови и малцински права Суад Нумановиќ и советникот на премиерот за човекови права Јован Којочиќ.
Што се случува во Црна гора погледнете на видеото на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)