| четврток, 6 декември 2018 |

Динамо Минск: Знаеме дека во Скопје доаѓаме на жежок терен

dinamo

Атмосферата во Динамо Минск е во ред. Очекувањата се да одиграме добро, да победиме, но што ќе донесе натпреварот ќе видиме – вели тренерот на Динамо Минск, Борис Дениќ, пред денешниот меч против Металург во рамките на ракометната Лига на шампиони.

Тој вели дека има десет нови играчи и нормално дека воигрувањето трае подолго.

И играчите потвдуваат дека владее одлична атмосфера во нивниот табор, во низа на победи се и задоволни се од својот настап во ЛШ.

-Знаеме дека во Скопје доаѓаме на жежок терен. Ќе дадеме се од себе и се надевам дека дома ќе носиме два поени. Дојдовме да победиме, не дојдовме со бело знаме – вели Урош Бундало.

-Игравме овде минатата година и знаеме како ќе биде. Се надеваме на победа, но знаеме дека ќе биде тешко – вели Давид Миклавчиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top