| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи ги сликале српските фудбалери голи по мечот со Македонија (фото)

Национални скандирања, провокации, фиромизирање, ужасна игра… и на крај голи фудбалери. Мачот помеѓу фудбалката селекција на Македонија и селекцијата на Србија е дефинитивно најкоментираниот настан изминатиот период. Македонија во српска Јагодина имаше ужасен настап и претрпи катастрофален пораз. Она што сега се појави во медиумите се фотографии од фудбалерите на Србија на кои тие се голи. Биле сликани во соблекувална веднаш по мечот Србија – Македонија.

-Не се памети дека некогаш играчите на некоја светска репрезентација биле сликани голи во соблекувалните каде не смее да има пристап  за јавноста – пишува српскиот портал Курир.

Во соблекувалната наводно влегле навивачи и ги фатиле некои од фудбалерите сосема голи. Најлошо помина Филип Ѓорѓевиќ, како од мајка роден, а  Ненад Томовиќ успеал да се спаси благодарение на пешкирот.

Властите на Јагодина тврдат дека обезбедувањето не направило пропуст и дека се работи за фото монтажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top