| четврток, 6 декември 2018 |

Шоуто што сите го чекавме – стартува Еден на Еден (видео)

zare eden na eden

ТОК ШОУТО КОЕ СИТЕ ГО ЧЕКАВМЕ! – Така вели форшпанот на тв Алфа со кој се најавува стартот на новата, петта сезона од Еден на Еден, оваа недела, нешто по 20:30 часот.

И мора да се признае дека се во право. Од она што можеме да го видиме, конечно ќе можеме да се релаксираме со вистинско, комплетно вариете шоу какво со години зборуваме дека му недостига на македонскиот етер. Комплетно ново студио, неколку сосема нови ликови, нов студиски бенд во името на популарните Пеперминт, најпознати по “Девојката со точакот”… Оваа сезона очигледно ќе биде различна од сите претходни.

-Минатата година имавме супер гледаност иако одевме во 23:30. Многу ми е мило што оваа сезона имаме термин кој ќе овозможи уште повеќе луѓе да не дружат преку екраните, недела околу 20:30. Како што гледате, имаме многу промени во изгледот на шоуто и самата содржина, добивме нов силен партнер – компанијата Алкалоид, полека влегуваме во ритам и сум сигурен дека имаме прекрасна тв сезона пред нас- – рече Жарко Димитриоски, авторот и водител на Еден на Еден.

Комуникацијата со публика преку социјалните мрежи, она што Еден на Еден го воведе како редовен дел од емисијата, ќе продолжи и понатаму. Уште за првата епизода од екипата најавуваат многу интересни работи за сите нивни фанови. Се што треба е внимателно да го следите шоуто и да имате вклучен фејсбук блиску до вас.

До стартот на новата Еден на Еден не делат неколку часа. Вклучете се на тв Алфа во недела, малку по 20:30 часот и уживајте во премиерната епизода со музичката легенда Влатко Стефановски и режисерот на најновиот македонски филм, Балканот не е мртов, Александар Поповски.

Република беше на снимањето на ЕДЕН на ЕДЕН. Ѕирнете што улови нашата камера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top