| четврток, 6 декември 2018 |

Награда за животно дело за Гаро Тавитјан

garo

Македонскиот тапанар Гарабет Тавитјан е добитник на наградата за животно дело која ќе му биде доделена на музичкиот фестивал „Еврофест“ што на почетокот на ноември ќе се одржи во Скопје.

Гарабет Тавитјан (1953) е врвен македонски тапанар, со ерменско потекло. Тој некогаш беше и член на култната група „Леб и сол“. Освен како тапанар, во неколку песни се појавува како вокал (како на пример песната „Распукала Шар Планина“). Претходно беше член на неколку други скопски групи, а подоцна е основач и на составот „Парамециум“ во кој членуваа и неговите синови Диран и Гаро, кои сега се познати како „Браќата Тавитјан“.

Изминативе години, во двата албумски проекти за музичко обединување на Балканот- „Македонското срце чука во 7/8“ на „Браќата Тавитјан“, Гарабет ја имаше клучната улога, обезбедувајќи ги најпознатите пејачки ѕвезди од поранешните ју простори, негови колеги, соработници и почитувачи.

Гарабет е еден од ретките вистински примери во македонската културна сцена и антологија, почитуван  во земјава, на Баканот и во едни пошироки рамки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top