| четврток, 6 декември 2018 |

Изградба на два нови автопати и реконструкција на осум регионални патишта – план за 2014 година

intervju-mile20janakievski

Во Министерството за транспорт и во јавните претпријатија предвидени се повлекување средства, односно заеми за почеток на Коридорот 8 кон Бугарија, тоа е првата делница од Куманово до Бељаковце за кои веќе сме во фаза за избор на компанија. Кон крајот на оваа година очекуваме да го склучиме договорот, а првиот квартал од 2014 година да започнат градежните работи – вели министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски во интервју за Лидер.

Според него предвидени се пари за завршување на реконструкцијата на Коридорот 10. Две делници биле завршени, останала уште делницата кај Неготино-Ногаевци.

-Двете делници ќе бидат завршени оваа година, тоа е Демир Капија-Смоквица во делот на железницата и кај Куманово а предвидени се средства и за последната делница. Со петгодишната програма на Јавното претпријатие за патишта се предвидува и изградба на делницата Миладиновце- Штип и почеток на градба на делницата од Кичево до Охрид. Значи наредната година планираме со градба да започнат два нови автопатишта. Предвидени се и пари за гасификацијата, на магистралните гасоводни мрежи во Македонија, до крај на годината очекуваме договор со компанија а реализација во првиот квартал од 2014 година. Идната година ќе биде година на почеток и градба на големи и инфраструктурни проекти – вели Јанакиевски.

Тој смета дека доколку нема добра инфраструктура, како патиша и водовод и канализација, тогаш инвеститорот не би дошол да инвестира.

– Деловите во железничката инфраструктура што сега ги реконструираме, просечната брзина е некаде помеѓу 30 и 50 километри на час, а по реконструкцијата ќе се крене на 100 километри на час, што значи, побрзо ќе има дотур на стоки од и до Солунското пристаниште. Градиме и реконструираме и регионални патни правци, на пример за наредната година се планираат околу 100 нови локални патишта, што значи подобар пристап до секое населено место, каде можеби некој инвеститор ќе најде интерес да инвестира. Наредната година ќе се реконструираат и 8 регионални патни правци – вели министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top