Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган по апелот за многудетни семејства, наредил да се изработи проект за поддршка за семејствата со по најмалку три деца.
За реализација на проектот вклучени се четири министерства: за семејство и социјална политика, за финансии, за развој и за труд и социјална сигурност. По 300 турски лири (123 евра) ќе им се даваат и на семејствата со малку поголеми деца, за трошоци за детска градинка за малите деца на возраст од три до шест години.
Според новите податоци за бројот на населението во Турција, кое надмина 75 милиони лица, забележан е пад во прирастот во 2012 година споредено со лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


