| четврток, 6 декември 2018 |

Јанузај во Јунајтед до 2018 година

Претходниот перидод медиумите пласираа информации дека Аднан Јанузај, малиот фудбалер од Косово кариерата би можел да ја продолжи во Барселона, Јувентус или Манчестер Сити.

Тој со клубот од Олд Трафорд имаше договор само до крајот на оваа сезона , но раководството на клубот ја продолжи соработката до јуни 2018 година.

– Среќен сум што ќе останам во Манчестер Јунајтед. Отсекогаш мислев дека ова е вистинскиот клуб за мене. Имав одличен почеток на сезоната, дебитирав во натпревар од Комјунити Шилд, а врв на се е настапот против Сандерленд. Сега сакам да продолжам напред и да влезам и во првиот тим на Јунајтед – изјавил Јанузај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top