– Шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед, кој лошо ја започна сезоната во Премиер лигата ќе биде домаќин на Саутемптон, во дерби натпреварот од 8.коло на фудбалското првенство на Англија.
Екипата на Манчестер Јунајтед, која по седум одиграни натпревари се наоѓа на 9-место со само 10 освоени бодови, ќе треба да го поправи впечатокот во дуелот со четврто пласираниот тим Саутемптон. Натпреварот на „Олд Трафорд’’ ќе започне од 16 часот и е еден од осумте закажани за денеска, а во рамките од 8-коло на Премиер лигата, во воведниот дуел од 13 часот и 45 минути ќе играат Њукасл и Ливерпул.
Денеска на програмата се уште шест натпревари, а двојките ги сочинуваат: Арсенал – Норвич, Челзи – Кардиф, Свонси – Сандерленд, Евертон – Хал, Стоук – Вест Бромвич Албион и Вест Хем – Манчестер Сити.
Во недела ќе бидат одиграни два натпревара во кои Астон Вила го пречекува Тотенхем, а Кристал Палас е домаќин на Фулам.
Табела: Арсенал 16 бодови, Ливерпул 16, Челзи 14, Саутемптон 14, Манчестер Сити 13, Тотенхем 13 …
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период


