| четврток, 6 декември 2018 |

Деколте за мерак – Иванна на црвениот тепих (ФОТО)

На премиерата на македонскиот филм „Балканот не е мртов“ присуствуваа голем дел на познати личности од јавниот живот.

Во придружба на нејзината пријателка, креаторката Тања Кокев, на црвениот килим покрај Катарина Ивановска, најмногу воздишки измами и познатата водителка Иванна Хаџиеска.

Во елегантен црн фустан со раскошно деколте, Иванна позираше пред многубројните фоторепортери во киното „Милениум“ и уште еднаш покажа дека телевизиската програма остана осиромашена без нејзиното секојдневно присуство.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top