| четврток, 6 декември 2018 |

Црвен тепих за Сорос во Брисел

zan klod junker sorosЕвропската комисија (ЕК) му подготвува срдечен пречек на милијадерот Џорџ Сорос во четврток во Брисел.

Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, потпретседателот на ЕК Франс Тимерманс и комесарите за правда и вработеност Вера Јурова и Јурки Катаинен в четврок на своите агенди имаат средба со Сорос. Тема на средбите е унгарскиот закон со кој беше запрена работата на Универзитетот на југоисточна Европа, основан и финансиран од Сорос, но и законодавството на Унгарија, со кое им се отежнува работата на невладините организации финансирани од странски фондови.

На средбите со Сорос нема да биде избегната ни темата за борбата на балканските земји со невладините организации финансирани од милијадерот.

Универзитетот на југо-источна Европа е предмет на несогласување помеѓу Будимпешта и ЕК бидејќи, како што смета ЕК, со нацрт-законот во Унгарија се нарушува владеењето на правото и демократските стандарди. Брисел смета дека овие нацрт-закони во Унгарија се напад на унгарската влада врз либералните демократски вредности на ЕУ. Унгарската влада, пак, изјави дека невладините организации финансирани од Сорос, како унгарскиот Хелсиншки комитет и Транспаренси интернешнел, се дел од мрежата “странски агенти” кои сакаат да влијаат врз унгарската политика.

Средбите на највисоки функционери на ЕУ со Сорос се одржуваа ден пред самитот на Европската народна партија. На овој самит Јункер и другите политичари од оваа политичка група, на која ѝ припаѓаат и партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан и ВМРО-ДПМНЕ, ќе се сретнат со Орбан. Тие најавуваат дека Орбан ќе се соочи со остри критики поради непочитување на европските вредности.

ЕК се закани дека оваа недела ќе отвори прекршочна постапка против Унгарија токму поради овој нацрт-закон во сферата на образованието кој треба де биде усвоен кон средината на мај.

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради овие закони и рече дека унгарската влада тој проблем треба да го реши.

Пред една недела група од 11 сенатори, демократи и републиканци, предводени од Крис Марфи, испрати писмо до Орбан за Универзитетот на југоисточна Европа во кое тие изразуваат стравување дека законот ќе биде опасен за академската слобода и академските институции во Унгарија.

На писмото се потпишани и републиканските сенатори Џон Маккејн, Орин Хач и демократите Дајан Фејнштеин и Чак Самер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top