Сѐ уште нема уапсени од вчерашната акција на полициските Алфи во скопско Љуботен, кога дрвокрадци пукаа во нив, потврдуваат од МВР.
Во инцидентот нема повредени лица, а во текот на ноќта продолжила потрагата на специјалната единица Алфи по дрвокрадците кои вчера попладне пукаа со огнено оружје кон полицијата.
Специјалната единица Алфи заедно со шумската полиција, во петокот, вршела контрола на теренот во оваа област, кога во месноста викана Башилец била забележана поголема група луѓе, повеќе кубици дрва, два трактори и патничко моторно возило џип.
Кога ги забележале полицајците, дрвокрадците почнале да пукаат и веднаш заминале во непознат правец. Потрагата во текот на ноќта се одвивала отежнато поради непристапниот терен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


