Посетителите на фестивалот на виното на плоштадот Македонија синоќа беа најбројни. Највеселата атмосфера ја направи „Тумбао Салса Бенд“ кои со најпрво со латино музика, а подоцна и со нивните преработки на старите македонски песни, ја разиграа публиката.
Македонските винарии на едно место имам можност да го претстават нивниот производ, на неколку штандови, пак, се делеше и најквалитетното македонско сирење и кашкавал, понатаму посетителите имаа можност да пробаат и малку скара и малку сувомеснати специјалитети.
„Виноскоп 2013“ завршува утре со „Суперхикс“ и Кристина Арнаудова. Вечерва, пак, со настап на фестивалот, дуото Селимова – Желчевски прославува јубилејни 50 години кариера.
Целосната програма на погледнете ја тука, а фотографиите од втората вечер ги има на следниот линк.
Фото: Мартин Пацов Саровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

















