| четврток, 6 декември 2018 |

Шварценегер – следниот претседател на САД

Познатиот акционенктерот и поранешен гувернер на Калифорнија сака да се кандидира за претседател на САД, но бидејќи не ги исполнува условите во врска со државјанството ќе влијае за промена на Уставот.

Американскиот устав одредува дека за претседател на САД може да се кандидра само лице кое е родено во САД и има американско државјанство. Арнолд ќе лобира таа уставна одредба да се промени за да може да се кандидира.

Подготвен е да го искористи сето влијание што го има во политичките кругови и меѓу славните за да го постигне тоа што го наумил.

Како што е познато, Арнолд Шварценегер е  роден во Австрија, а американското државјанство го доби во 1983 година. Актерот сака во 2016 година да се кандидира за претседател. За промена на Уставот потребни се две третини гласови од Сенатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top