| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен композиторот Мили – возилото барано од Интерпол

Српскиот композитор Александар Милиќ – Мили бил уапсен вчера кога со својот автомобил се обидел да влезе во Хрватска, пишува српски Курир.

Имено, по прегледот на возилото со кое Мили се обидел да ја премине границата, наводно е установено дека автомобилот се
наоѓа на потерница на Интерпол.

Според зборовите на изворот, музичарот е приведен во полициска станица.

Македонската јавност Александар Милиќ Мили, познат српски композитор, музички продуцент, аранжер и сопственик на дискографската куќа „Милиграм Мјузик“, го знае како дел од популарното музичко шоу „Операција триумф“.

Тој има соработувано со многу балкански ѕвезди, меѓу кои и Цеца и Северина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top