| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески: Ќе го подобриме лошиот имиџ на Охрид

Во првите девет месеци од годинава, во првиот македонски туристички центар, од наплатата на туристичката такса, се прибрани 13.664.630 денари, што е поприлично повеќе од ланската година, или зголемување  за 15,6 проценти. Тоа се должи на поголемата агилност на опшинската администрација, но и на порастот на ноќевањата за 2,8 проценти, велат во локалната самоуправа. Евидентирани се вкупно 136.725 домашни и 208.301 странски ноќевања, пренесува Охрид Прес.

Градоначалникот Никола Бакрачески со жалење вели дека неповолните временски прилики на почетокот од главната туристичка сезона имале негативен одраз, но е задоволен од  организираноста на повиканите чинители во годинешната туристичка сезона.

– Ако се земат во предвид неповолните временски прилики на стартот на главната сезона, можам да кажам дека сум сосема задоволен бидејќи бројот на гости и ноќевања, рапидно зголемен во текот на мај и во првите недели од септември. Очекувањата во јавноста и шпекулациите кои провејуваа во медиумите се дека оваа сезона ќе биде една до најслабите во последните години и децении, не беа оправдани. Остваривме контакти со туристичките сојузи од Црна Гора, Хрватска и Грција, чии гости бележеа значителен пад во посетите и ноќевања во месец јули, ефектите ги очекуваме – вели Бакрачески.

За догодина општината подготвува, како што вели градоначалникот, поагресивна програма за унапредување на туристичките можности и  зголемување на понудата. Како Локална самоуправа одлучно ќе застанеме во справувањето со лошиот имиџ на градот. Веќе имаме активности кои се во подготвителна фаза. Се надевам дека до крајот на годината ќе завршат сите наши проекти кои се воп прилог на унапредување на наредната туристичка сезона, уверува Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top