| четврток, 6 декември 2018 |

Рома убедлива против Наполи, Пандев ја утна шансата на дербито во Серија А (видео)

Рома ја продолжи импресивната серија победи во Серија А во Италија, а вечерва во дербито го порази Наполи со 2-0 и ја забележа осмата победа во исто толку натпревари. Тоа е најдобар старт на „римската волчица“ во шампионатите на Италија, а Наполи го впиша првиот пораз во Калчото, сезонава.

Горан Пандев е трагичарот на наполитанците, по утката од чиста ситуација при резултат 0-0, кога Де Санктис му го одбрани ударот во ситуација еден на еден.


AS Roma – Napoli 2:0 | All Goals & Highlights… by Honex_Futball

Утката ја казни Пјаниќ со прекрасен гол од слободен удар во последните секунди од првото полувреме, а во вториот дел од пенал босанскиот репрезентативец ги постави конечните 2-0. Пандев играше до 68 минута, а две минути подоцна Канаваро беше исклучен поради прекршокот за пенал.


Roma 2-0 SSC Napoli ALL GOALS by all-goals

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top