| четврток, 6 декември 2018 |

Oхриѓанки ги бараат своите херои од Штип што им ги спасиле животите на Плетвар

pletvar

Охриѓанките К. Џ. и В. А. ги бараат храбрите момчиња од Штип, кои минатата сабота спасиле пет животи. Патувањето до Охрид на овие две жени им се претворил во вистински кошмар на планинскиот превој Плетвар.

Како што јави ТВ Ирис од Штип, возилото во кое биле двете пријателки и нивните три деца одеднаш се запалило. За среќа застанале две возила со штипски регистарски таблички, кои ситуацијата успеале да ја стават под контрола. Двете жени во паниката ниту ги прашале како се викаат, ниту пак успеале да им се заблагодарат. Единствен начин за поврзување со нивните јунаци им била телевизијата.

К. Џ. во телефонскиот разговор за Ирис раскажува дека момчињата не само што успеале да го изгаснат пожарот, туку влегле и во запаленото возило за да извадат дел од работите кои ги имале во него.

Доколку храбрите момчиња се препознаат во приказната, редакцијата на Ирис ги замолува да се јават во телевизијата за да можат да ги поврзат со благодарните охриѓанки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top