Двете гостински екипи, Струмица и Кожув ги освоија бодовите во двата денешни натпревари од Првата кошаркарска лига против Фени Индустри во Кавадарци, односно против Пелистер во Битола.
Американецот Остин Дифолт погаѓаше како по „дифолт“ и со 19 поени го предводеше Кожув до победа против Пелистер од 95-75. Целата прва петорка на гевгеличани постигна над 10 поени, а втор стрелец со 16 поени беше Божовиќ. Мијајловиќ уфрли 15 поени, Караџовски 14, а Пековиќ поен помалку.
Кај Пелистер Анакиевски постигна 17 поени, а Калањ стаса до бројката од 16 поени.
Во Кавадарци Тони Грнчаров диктираше темпо и со 21 поен го наполни кошот на Фени за победа на Струмица од 77-74. Арсиќ уфрли 17 поени, а Кук 16 кај победничката екипа.
Кај Фени најефикасен беше Марковски со 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


