| четврток, 6 декември 2018 |

Баронесата ги разгневи Грците: Кетрин Ештон сака да нѐ нарекува само Македонија

Ketrin Eston

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, при усвојувањето на прогрес-извештаите на Европската комисија за земјите-кандидати и потенцијални кандидати во средата порачала дека таа не сака да ја употребува референцата „ПЈРМ” и дека земјата ќе ја нарекува само Македонија.

Ештон ова го кажала од позицијата потпретседател на Комисијата пред останатите комесари, при што само регирала грчката еврокомесарка за рибарство, Марија Даманаки, која, исто така, единствено се противела на позитивниот извештај и на препораката за Македонија.

Целата оваа случка на таканаречениот Колеџ на комесари од пред два дена вчера ја објави и грчкиот весник „Катимерини“, кој наведува дека Даманаки барала од комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, да не дава толку лесна препорака и заклучоци за Македонија оти, според неа, владее голема политичка криза во Скопје. Но, според грчкиот весник, грчката комесарка за ова останала без поддршка од останатите на Колеџот на комесари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top