Советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје во знак на солидарност со претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, и колегите од Општина Центар, нема да присуствуваат на оваа седница на Советот на Град Скопје, изјави денеска советничката од Центар, Софија Куновска.
Таа вели дека СДСМ нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со институционално насилство да ја преземат контролата врз Општина Центар.
-По неуспехот со изборната тортура, власта е во нов поход, преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните. Единствениот грев на претседателот на ОО на СДСМ Центар и претседавач на Советот на Општината е што не попушти под заканите и притисоците на власта. Бараме судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и да му дозволи да се брани од слобода. Судот да не ја користи мерката притвор како казна за Шиповиќ и за неговото семејство. Ја повикуваме власта да престане со притисок судот однапред да му пресуди на Шиповиќ, а со тоа и на волјата на граѓаните во Центар. Очекуваме дека кај ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ќе проработи разумот и ќе се обезбеди непречено функционирање на Општина Центар – вели Куновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)