| четврток, 6 декември 2018 |

Трансфер бомба што не експлодира – имало понуда за Меси од 250 милиони евра, Аргентинецот не сакал ни да чуе

Летна трансфер бомба, тешка 250 милиони евра, не експлодира само поради лојалноста на Лионел Меси кон Барселона, а понуда на адреса на Каталонците имало од три клуба. Нивните имиња не се откриваат, а шпанските медиуми тврдат дека на сите „Адидас“ им е еден од спонзорите. Планот бил германскиот производител на спортска опрема да даде половина од сумата, односно 125 милиони евра, но Меси не сакал ниту да чуе.

Се шпекулира дека еден од трите клуба е Реал Мадрид, вториот е Баерн, а третиот Лос Анџелес Галакси. Ако клубот ја плати сумата што е предвидена како отштета во клаузулата од договорот, тогаш играчот мора да ја смени средината. Сепак, клубовите речиси никогаш не одат против волјата на фудбалерите и не ги ангажираат на тој начин со плаќање на отштетата, ако играчите не сакаат да си заминат, како што е случајот со Меси и Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top