| четврток, 6 декември 2018 |

Вино, музика, скара – најдобар лек против студот (ГАЛЕРИЈА)

Студеното есенско време и оваа година не е доволна причина за плоштадот да остане празен. По седми пат „Виноскоп“ ги собра љубителите на добро вино, пријатно друштво и македонска музика.

Иако првиот ден почна со дожд, фестивалот со најдобрите македонски вина не остана непосетен. Вчера, пак, на вториот од петте дена посветени за добра дружба, во срцето на Скопје програмата почна уште во 13 часот со „Чалгии Раим“.

Кога падна ноќта, за доброто расположение, покрај виното, скарата, кашкавалот и закуските, беа задолжени и клапа „Искон“, „Крос роуд блус бенд“ и Владимир Четкар.

Вечерва во шпицот на вечерта ќе се грееме со звуците на Наум Петрески и „Тумбао салса бенд“. Ноќта ќе ја затвори Иван Иванов, синот на претседателот на Република Македонија, со неговиот диџејски сет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top