Австрија ќе се заложи за што побрзо почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Михаел Шпинделегер.
Коментирајќи ги извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ, Шпинделегер вчера на прес-конференција во Виена рече дека Австрија ќе го следи тоа што по петти пат го препорача Европската комисија – да бидат отворени пристапните преговори со Македонија.
Тој оцени дека е во интерес на Виена, но и на Брисел, ЕУ да се прошири кон Западен Балкан.
– Сега е времето да ги преземеме потребните мерки за да се обезбеди сигурност, стабилност и економски раст во нашето непосредно соседство во иднина – изјави шефот на австриската дипломатија.
Западниот Балкан, според него, е регион во просперитет, а од неговата политичка стабилизација и економски развој ќе профитира и австриската и европската економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.