| четврток, 6 декември 2018 |

Терористичка закана: Германија ја затвори амбасадата во Авганистан

h_51041957Германија привремено ја затвори својата амбасада во Авганистан од безбедносни причини, соопшти ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на весникот „Велт“.
Според весникот, Федералната разузнавачка служба на Германија добила „конкретни сведоштва“ дека талибанците планираат извршување напади врз германски дипломати.
Разузнавањето заканата ја оценило како сериозна.
Претставник на германското Министерство за надворешни работи потврди дека амбасадата во моментот е затворена, но изјави дека не може да даде други детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top