Селекторот на Холандската фудбалска репрезентација го советува Весли Снајдер да го напушти Галатасарај оваа зима и да прејде во редовите на Челси.
Лондонскиот тим и понатаму е сериозно заинтересиран за услугите на Весли Снајдер, па во текот на зимскиот преоден рок повторно ќе се обиде да го убеди Снајдер турскиот шампионат да го замени со Премиер лигата. Холандскиот ас веќе соработуваше со Жозе Мурињо кој е сегашен тренер на Челси во редовите на Интер каде ги освои сите три натправарувања, Лигата на шампионите, купот на Италија и Сериа А.
Луј Ван Гал смета дека е подобро Снајдер да прејде во појака лига како би ја подигнал формата во пресрет на светското првенство кое се игра во Бразил на крајот на оваа сезона.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Ајакс во квалификациите за светското првенство настапуваше на шест натпревари постигна еден гол и две асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“