| четврток, 6 декември 2018 |

Надал ќе заплива во коцкарски води

Првиот светски рекет од 13 до 18 декември во Прага ќе учествува на турнир кој нема да биде тениски, туку ќе му биде првиот во конкуренција на покер

rafa-500

 

Оваа информација не треба да зачудува, со оглед на тоа што Рафа има спонзорски договор со компанијата „Покерстарс“. Десега бил дел само од електронски натпреварувања, меѓутоа очигледно е подготвен и за нешто поконкретно.

Во интервју за медиумите од Шпанија, покер-трененерот на Надал, Алфонсо Кардалда, вели дека „Матадорот“ бргу напредува.

– Рафа ми кажа дека многу сака покер, меѓутоа имаше само основни познавања за играта. Како и да е, многу бргу напредуваше – вели тој.

Споменатиот турнир во чешката престолнина, кој е дел од европската покер-турнеја, се одржува по седми пат, а минатогодишниот победник, Швеѓанецот Ремзи, освои 850 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top