| четврток, 6 декември 2018 |

Курир:Тендерите во Струмица извор за финансирање на СДСМ

dokumet sdsm finansii

Во изминатиов период, целата македонска јавност дозна за скандалозните договори за јавни набавки кои Зоран Заев преку Општина Струмица ги склучувал со фирми во сопственост на членови од неговото потесно семејство, како и со фирми на неговите бизнис ортаци.

Луѓето кои во изминативе години наназад добивале огромни средства од Општина Струмица преку јавните набавки, во исто време се јавуваат и како едни од поголемите донатори и финансиери во СДСМ – објави Курир. 

Порталот објави документи според кои, како што стои во натписот,дел од парите на граѓаните што Зоран Заев ги испумпувал од Општина Струмица преку јавните набавки, кои само според него претставува морален и оправдан чин, завршиле во касата на СДСМ како донации, за што говорат документите и фактите.

Се работи за документ од „Регистар на добиени донации“ за период од 1 јануари 2011 година до 31 декември 2011 година, заверен со архивски печат од СДСМ. На него се гледало дека првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев на ден 25.05.2011 година донира средства во вредност од 300.000 денари, синот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова, Зоран Иванов исто така на ден 25.05.2011 година донира средства во вредност од 300.000 денари, како и фирмата на снаата на Зоран Заев, ЕВА СТАИЛ исто така донира средства на ден 29.12.2011 година во вредност од 3000 денари. Сите овие донации завршиле на сметката на СДСМ.

-Сето ова, не би било спорно и сомнително, доколку истите овие субјекти не добиле огромни средства од Општина Струмица и нејзините институции преку претхопдно склучените договори за јавни набавки.  Очигледно, од мрежата на Зоран Заев која функционира во Струмица и служи за испумпување на средства од општината, не се офајдиле само фирмите на неговото семејство и неговите блиски соработници, туку голема финансиска корист имала и неговата матична партија СДСМ. Дали можеби овие донации претставуаат еден вид награда или враќање на услугата за претходно доделените огромни средства на сметките на фирмите од неговото семејство и неговите бизнис ортаци останува отворено прашање – пишува Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top