| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарите си ја нарушуваат приватноста

Здружението на новинари на Македонија е разочарано од злоупотребата на медиумите од дневните весници “Вест“ и “Вечер“ за дискредитација на новинарите по полова припадност и сексуална ориентација. Ваквата реакција на ЗНМ произлезе по вчерашната војна помеѓу уредниците на двата дневни весника, Ивона Талевска и Горан Михајловски.

-ЗНМ смета, дека анкетата на Вест со наслов ’Која водителка без гаќи пред Груевски’ со која во сензационалистички стил и без никаков јавен интерес, јавните личности непотребно се ставени во замислена непристојна ситуација.Со тоа се потценуваат новинарките и останатите јавни личности при тоа третирајќи ги како сексуални објекти. Јавното повикување на јавноста да учествува во откривањето на хомосексуалци меѓу новинарите од весникот Вечер претставува јавна дискредитација на новинарите и дискриминација по сексуална определба. На тој начин се поттикнува говор на омраза против хомосексуалците и се нарушува приватноста на новинарите“, се вели во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top