| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов бран кадровски освежувања

nikola todorov

ВМРО-ДПМНЕ ги замени своите функционери во тие сегменти во кои се покажало дека постои простор за поголем успех и за поголем ангажман. Со последните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ нови освежувања и кадровски промени ќе следувале и на следниве раководни позиции:

  • директор на Водостопанство Берово,
  • раководител на  подрачно одделение на Министерство за правда во Валандово,
  • раководител на Центарот за социјална работа во Валандово,
  • раководител на подрачно одделение на Центарот за управување со кризи во Валандово,
  • раководител на подрачно одделение на Агенција за потикнување на развој на земјоделство во Валандово,
  • директор на Центар за култура „25 Мај“ во Валандово,
  • раководител на подрачно одделение на Агенција за катастар во Демир Хисар,
  • директор на Јавно комунално претпријатие “Клепа” во Градско,
  • директор на Јавно претпријатие за комунални дејности Облешево,
  • директор на јавно претпријатие за комунални дејности “Турија” во Василево,
  • директор на сектор водовод во ЈП Водовод Скопје,
  • директор на сектор – Механизација во ЈП  Водовод Скопје,
  • раководител на подрачно одделение на Фонд за здравство во Струмица,
  • раководител на  шумска полиција во Струмица,
  • раководител на подрачно одделение на Агенција за вработување во Велес,
  • директор на спортски центар „Младост“ Неготино,
  • раководител  на подрачно одделение на Државен пазарен инспекторат Охрид,
  • раководител на Управа за имотно-правни работи  Охрид,
  • директор на ЈКП Комуналец,  Кисела Вода,

– Сите овие луѓе дадоа придонес со својот ангажман во работата на ВМРО-ДПМНЕ, но и понатаму со својот личен и професионален капацитет остануваат потребни за партијата. ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Македонија, која почна со континуиран политички процес на кадровско освежување наречен „нов бран“. Дотолку позначајно е што ваквиот процес на реформи и постојана надградба ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува во период кога ја има одговорноста да управува со државата. Ова покажува дека ВМРО–ДПМНЕ е партија која има и храброст и капацитет постојано да се менува, да се подобрува, сè во насока на одговор на потребите и на барањата на граѓаните како наше основно начело во работата – посочи Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, актуелен министер за здравство.

Тој нагласи дека партијата имала можност да ја согледа успешноста на работата на функионерите што беа именувани и врз основа на тоа да донесе одлука за промени во одредени области.

– Смените на досегашните функционери беа резултат на нивната неможност да одговорат на темпото на работа на ВМРО-ДПМНЕ и на одредени објективни слабости или недоволна посветена работа, што е во целосна спротивност на основните принципи на дејствување на партијата – коментира тој и додава:

– Овие доскорашни функционери и сите претходни што беа опфатени со новиот бран дадоа огромен придонес во реализацијата на преку 2.000 мерки, проекти и реформи, кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ во минатото, буквално, во секоја сфера  во општеството во Македонија. Ваквата работа на ВМРО-ДПМНЕ за кадровска обнова е во правец на продолжување на успехот со несмален интензитет, но истовремено надминување на сопствените грешки, сè со цел постигнување на уште подобри резултати во континуираните промени и реформи. Со тоа истовремено се гарантира и продолжување на чесниот, одговорен и работливиот пристап, но и отвореноста во работата  на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top