
Средовечен скопјанец бил нападнат од 18-годишно момче затоа што му рекло дека неговиот внук фрла камчиња во неговиот двор.
Вчера околу 14.30 часот во Скопје, на улица Лисец Е.А.(18) физички го нападнал Д.Д.(55) двајцата од Скопје, удирајќи го со еден удар во пределот на главата, при што му нанел видлива повреда. Причината за нападот била тоа што Д.Д. отишол кај Е.А. за да го предупреди дека неговиот внук фрла камчиња во дворот на оштетениот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поденсок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


