| четврток, 6 декември 2018 |

Натпреварот меѓу Марибор и Бриж бил наместен?

Натпреварот од Лигата на Европа меѓу Марибор и Клуб Бриж, одигран во 2011 година заврши со победа на Белгијците со резултат од 4-3, е наместен, ова го тврди Рудолф Стинер.

Стинер ова го објави и во неговиот документарен филм „Во канџите на обложувачката мафија“, кој беше емитуван во понеделникот на германската страна АРД. Своевремено Стинер работел во УЕФА и бил задолжен за борба против корупција.

– На денот на натпреварот мој извор од Балканот ми рече да обрнам внимание на овој натпревар. Ми беше кажано дека во последните 20 минути од натпреварот ќе бидат уплатени многу пари на победа на гостите (Бриж). Тоа значеше дека Бриж ќе треба да даде четири гола за 20 минути бидејќи Марибор водеше со 3-0 – изјави Стинер.

На ваквите обвинувања веднаш реагираше германскиот стратег Кристоф Даум, кој го водеше Бриж на тој натпревар.

– Невообичаени резултати не можат автоматски да се доведуваат во прашање дека се дело на криминални активности. Постои објаснување за тоа фудбалско чудо. Губевме со 3-0, а потоа почнавме да играме со тројца напаѓачи, додека Марибор продолжи со офанзивната игра. Овој натпревар влезе во историјата поради неверојатниот пресврт – вели Даум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top