| четврток, 6 декември 2018 |

Во август 11,4 проценти повеќе туристи

ohrid stranski turistiВо август годинава регистрирани се 127.607 туристите, а бројот на ноќевањата изнесува 586.635. Тоа според Државната статистика значи дека  бројот на туристи во овој период е зголемен за 11,4 отсто, во споредба со истиот период лани.
Во истиот период, бројот на  ноќевањата е намален за 0,9 отсто. Бројот на домашните туристи во август оваа година, во однос на истиот период лани е зголемен за 7,7 осто, а  бројот на странските туристи е зголемен за 17,8 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август оваа година година, во однос на истиот период лани е намален  за 2,5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5 отсто.
Во периодот од јануари до август оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите  е зголемен за 4,8 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2,7 отсто, а кај странските има зголемување  за 12,5 отсто.
Во периодот од јануари до август оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е намален за 0,3 отстои тоа: кај домашните туристи има намалување за 4,6 отсто, а кај странските има  зголемување за 8,8 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top